Ван Нистелрој сруши негативен рекорд на клупата на Лестер Сити

Фудбалерите на Лестер успеаја да постават негативен рекорд во Премиер лигата.
Поразот од Брентфорд (0-4) на стадионот „Кинг Пауер“ беше шести последователен за Лестер без постигнат гол во Премиер лигата. Лестер на овие шест натпревари прими дури 15 гола.
Серијата порази ја започнаа против Вулверхемптон (0:3), па загубија четири меча во низа со резултат 0:2 од Сити, Кристал Палас, Фулам и Арсенал и на крајот од Брентфорд.
Како што стојат работите, Лестер ќе се врати во Чемпионшип, а не е невозможно Руд ван Нистелрој да добие отказ и пред завршувањето на сезоната.
Лестер е претпоследен со 17 бода, иако „Волците“ кои се над линијата имаат само два повеќе.