Ван Перси го презема Феенорд

Весникот „Атлетик“, тврди дека Робин ван Перси ќе го преземе кормилото на Феенорд. 41-годишниот специјалист ќе го напушти Херенвен на крајот на сезоната и ќе се врати во Ротердам.
Тој ќе потпише договор до 2027 година. Ван Перси играше за младинскиот и сенироскиот тим на Феенорд од 1998 до 2004 година а од 2021 до 2024 година беше тренер во младите категории.
Легендарниот фудбалер на „лалињата“ на клупата на Херенвен има 9 победи и 11 порази.