Ван Ријтховен го изненади Медведев во финалето во Хертонгенбош

Рускиот тенисер, Данил Медведев, изненадувачки загуби од Холанѓанецот Тим Ван Ријтховен со 2-0 во сетови, (6-4, 6-1) во финалето на турнирот во Хертонгенбош.

Првиот сет го реши брејкот за 6-4 додека во вториот Медведев кој беше прв носител едноставно се загуби на теренот.

25-годишниот тенисер, Ријтховен, досега немаше освоено Челенџер во кариерата. Тој се наоѓа на 205. место на светската АТП-листа.