Варадиновски нов тренер на Скопје, ќе го заземе местото на Муарем

Тимот од Автокоманда официјално го промовираше новиот стручен штаб кој ќе го предводи тимот во продолжението од актуелната сезона.

Нов шеф на стручниот штаб е Иван Варадиновски, а во неговиот тим како помошни тренери ќе работат Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ.

Од клубот истакнуваат дека посебна важност за оваа промена има фактот што Иван Варадиновски и Иван Настевски во минатото беа важни имиња на теренот и го носеа сино-белиот дрес на ФК Скопје, а сега се враќаат во клубот во нови, тренерски улоги.

„Со нова енергија, заедничка работа и голема посветеност, продолжуваме кон нови предизвици и цели“, порачаа од клубот од Автокоманда.

Досега тимот го водеше Муарем Муарем кој поднесе оставка, а од вчера се врати на кормилото на Башкими.