Варан верува дека Јунајед може да ја освои ЛШ

Рафаел Варан, на прес-конференцијата пред натпреварот од ЛШ против Галатасарај во Истанбул, истакна дека неговиот Јунајтед имал доволно силен тим да ја освои ЛШ сезонава.

Поголемиот дел од навивачите на Јунајтед, па и оние од неутралниот сектор, нема да се согласат со оваа помалку налудничава изјава на францускиот дефанзивец.

Јунајтед има крајно лоша серија во Премиерлигата сезона и го има еден од најслабите стартови од нивното постоење. Но ете, Варан е убеден во спротивното, дека се конкурентна екипа.

„Мислам дека ова натпреварување е едно од најтешките, затоа мора во детали да бидете внимателни, за да го освоимте. Следните недели се наша шанса да се поправиме значително, мора да правиме акции, да има шанси и да постигнуваме голови“.

„Примаме доста лесно голови и тоа мора да биде поправено, исто и ефикасноста. Но верувам дека имаме доволно силна екипа за да освоиме Лига на шампиони. Како што реков, натпреварувањето е тешко, но имаме тимски квалитет па мора да поработиме на подобрување на формата“, порача Рафаел Варан.