Варан го напушта Реал и се сели во Премиер лигата

Рафаел Варан договор со Реал Мадрид има само за уште една сезона, а според пишувањето на медиумите неговата иднина во клубот од Мадрид е под голем знак прашалник.
Ситуацијата со францускиот стопер ќе се обиде да ја искористи Челзи кој е спремен да го доведе за сума од 70 милиони евра. Варан е стандарден во првиот тим на Реал, но ако Реал сака да доведе некое топ засилување од типот на Халанд и Мбапе тогаш некој ќе мора да биде продаден. Освен тоа клубот веќе би имал замена за него затоа што на големо се најавува доаѓање на Давид Алаба во Мадрид.
Интерес за Варан покажал и ПСЖ, а се споменува и Манчестер Јунајтед. Според информациите од Англија Челзи има предност.