Варан нема да добие нов договор на „Олд Трафорд“

Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед нема да ја продолжат соработката со стоперот, Рафаел Варан, кој во 2021 година го напушти Реал Мадрид и се пресели на „Олд Трафорд“.  

Тоа значи дека  францускиот дефанзивец ќе може да си замине во текот на летото како слободен играч. Варан иако беше најавен како големо засилување за агличаните, сепак не успеа да се наметне во тимот бидејќи во континуитет имаше проблеми со повредите.

Тој во тековнава сезона се појави на само 19 натпревари во Премиер лигата.