Варан претставен како нов „ѓавол“
Рафаел Варан денес го помина вториот дел од лекарските прегледи во Манчестер Јунајтед. Французинот се појави вчера во базата во Карингтон, откако истече карантинот по неговото влегување во Велика Британија.
Според Фабрицио Романо, Варан веќе го потпишал договорот со Манчестер Јунајтед. Договорот е до јуни 2025 година со опција за дополнителни 12 месеци.
Уште на 27 јули, клубот од „Олд Трафорд“ објави дека постигнал договор со Реал Мадрид за трансфер на Варан. Англискиот клуб треба да плати 50 милиони евра плус бонуси за него. Според медиумите на Островот, Французинот инсистира да дебитира за својот нов клуб на натпреварот против Лидс во сабота.