Варан сака да го напушти Мадрид
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан сака кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.
Французинот веќе 10 години е во главниот град на Шпанија и сега сака да ја промени средината. Една од причините е и заминувањето на Зинедин Зидан од позицијата тренер и доаѓањето на Карло Анчелоти.
Манчестер Јунајтед е заинтересиран за доведување на Варан, но една пречките е големата плата која Французинот ја бара. Се споменува цифра од 400 илјади фунти неделно, што за Јунајтед е многу.
За Варан опција е и премин во ПСЖ, но одличниот стопер сепак сака кариерата да ја продолжи во Премиерлигата.
