Варан се повреди, Солскјер со нови грижи во одбраната

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Франција, Рафел Варан, се соочува со сериозна повреда добиена на дуелот со Шпанија во Лигата на нации и затоа ќе мора да паузира извесен период.

Тоа дефинитивно ќе биде голем проблем за тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, бидејќи и вториот централен стопер, Хари Мегваер, исто така ќе биде надвор од стројот.

Двајцата нема да играат на мечот со Лестер во Премиер-лигата  а под знак прашалник ќе бидат и за средбата со Аталанта во Лигата на шампионите закажана за 20 октомври.