Вардар доби казна од УЕФА во висина од 250.000 евра

Македонскиот фудбалски шампион денеска добил казна од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во висина од 250.000 евра и условна казна од три години да не се повтори делото. Извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски информираше дека УЕФА ги казнила „црвено-црните“ поради лошо финансиско работење, како и двојни договори и фалсификати кои се правеле во сезоната 2023/24.
Клубот ќе биде под тригодишна условна казна, односно надзор и секое ново прекршување на правилата на УЕФА би можеле да донесат до сериозни казни.
„За сезоната 23/24 Вардар е казнет со 250.000 евра од УЕФА и условна казна од три години да не се повтори делото. Поради двојни договори и фалсификати направени во таа сезона. УЕФА правела 10 месеци ревизија во Вардар во изминатиот период“, изјавил Неделковски.