Вардар загуби и од Брера и го презеде „фенерот“ во Првата лига
Денес на македонските фудбалски терени се играа натпревари од 12. коло во Првата лига.
Во нив се сретнаа и екипите на Вардар и Брера кој беше од исклучителна важност за „црвено-црните“ кои на крајот го загубија натпреварот и сега се последен тим на табелата со ист број на бодови (8) со тимот на Тиквеш.
Брера на Арената во Скопје во еден натпревар во кој и Вардар имаше свои шанси успеа да слави победа од 0-1 Најголемата прилика за Вардар ја пропушти Горан Закариќ кога со глава шутраше од петерецот, но Купанов со еден од најдобрите интервенции сезонава успеа да го спаси својот гол.
Моментот на одлука се случи во 19. минута кога по едно истрчување на Гачевски Ивковиќ успеа да ја погоди мрежата за гол со кој донесе важни три бода.
Лидерот Работнички не успеа да слави во Кратово каде што одигра 1-1 со Силекс, па така Шкендија која ја оправда фаворитската улога против Беса славејќи победа од 2-1 дојде на само еден бод од врвот.
Во останатите натпревари Воска го изненади Шкупи и победи со 3-1, Струга во финишот го скрши Тиквеш со триумф од 0-1, додека Гостивар и Пелистер одиграа без погодоци.