Вардар потпиша договор со талентот Филип Цветковски до 2029 година

Од Вардар соопштија дека талентираниот бек кој на стартот на пролетната полусезона во ПМФЛ дебитираше за Вардар, Филип Цветковски, стави потпис на прв договор со клубот.
Во Вардар не сакаа да ризикуваат ништо и му дадоа тригодишен договор на момчето кое е родено во 2009 година. 16-годишникот веќе одигра неколку натпревар за Вардар и ја убеди управата, па парафира соработка до 2029 година.
Цветковски е младински репрезентативец на Македонија со настапи за селекцијата до 17 години. Тој важи за еден од најголемите таленти во својата генерација.
На само 16 години го убеди тренерот Гоце Седлоски да му даде шанса да заигра во првиот тим и покажа доста зрелост за својата возраст.
Од клубот најавуваат дека ќе продолжат да работат на развивање на овој фудбалер кој е еден од најталентираните во екипата и од кого очекуваат многу во идинина.