Вардар потпиша со десен бек од Полска

Македонски ракометен клуб Вардар 1961 го промовираше ново засилување за следната сезона. Во таборот на „црвено-црните“ следното лето доаѓа Марек Марчињак од Полска.

Станува збор за ракометар кој игра на позициите десен бек и десно крило. Марчињак доаѓа во Вардар од редовите на Азоти Пулави, а со скопскиот гигант потпиша двегодишна соработка до 2027 година.

Марчињак е полски репрезентативец, играше за националниот тим на последното Светско првенство.

Сезонава во дресот на Азоти Пулави полскиот ракометар на 23 меча во првенството постигна 71 погодок. Во кариерата освен за овој клуб, Марчињак настапуваше уште за Жуково, Вибжеже Гдањск и Заглебје Лубин, па налето доаѓа во Скопје на својот прв интернационален предизвик.

Инаку, Марчињак во редовите на Вардар ќе биде третиот Полјак, откако претходно за тимот настапуваа Патрик Валчак и Јан Чувара.