Вардар пресилен за Бутел, победа со моќно издание за момците на Милано

Ракометарите на Вардар дојдоа до заслужена и убедлива победа (30-37) на скопскиот дуел со Бутел, не дозволувајќи грешка во рамките на плејофот на машката супер лига.

Црвено-црните како гости на почетокот имаа негатива и од три гола, но издоминираа до крајот на првото полувреме кое го добија со 21:13.

До крајот на средбата рутински ја одржуваа високата предност и си ги обезбедија планираните бодови од овој натпревар во рамките на плејофот.

Хориха со седум голови го предводеше победничкиот тим, Субашевски со шест погодоци се истакна во редовите на Бутел.

Вардар стигна до шестата победа на седмиот натпревар во плејофот и има два бода повеќе од Еурофарм Пелистер, кој допрва ќе го одигра својот натпревар од ова коло.