Вардар сензационлно го надигра Нант среде Франција

Вардар дојде до првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона, откако сензационално триумфираше на гостувањето кај Нант со 27-33. Иако македонскиот првак важеше за аутсајдер во овој натпревар, сепак, на крајот „црвено-црните“ успеја да слават. Со овие шест голови разлика може да бидат среќни и Французите, затоа што Вардарци може да слават и поубедлива победа.
Избраниците на Иван Чупиќ одиграа одличен натпревар во Франција. Во првиот дел заминаа со три гола разлика, а потоа одиграа уште подобро во вториот дел, кога ситнгаа до предност дури и со 10 голови разлика.
На половија од првиот дел имаа предност од 7-11, благодарение на одбраните на Валах.
Вардарци влегоа во криза во нападот во следниот период, па во 24. минута домаќинот доојде на само минус еден (11-12). До крајот на првиот дел „црвено-црните“ беа подобар противник па на пауза заминаа со позитива од 13-16.
Веднаш на стартот на вториот дел Нант успеаја да намалат на едн гол, меѓутоа веднаш „црвено-црните“ повторно дојдоа до три гола, а потоа и до четири, а по една серија од 0-4, дојдоа и до 17-24, предност која беше клучна за победа на Вардар.
Вардар само ја подигнуваа играта, во еден миг има и предност од 23-33. На крајот Нант само успеа да ублажи.