Вардар се враќа со големи три бода од теренот на шампионот

Вардар победи во Струга во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ славеа над актуелниот шампион Струга Трим Љум со 0-2.
Вардар, со победата во Струга, избега од опасната зона, по некомплетното 20.коло, најтрофејниот македонски клуб се наоѓа на деветтото место со 16 поени. Струга и по оваа рунда ќе остане на петтата позиција.
Црвено-црните натпреварот во Струга го решија со два гола во втората половина од вториот дел. Закариќ во 68. минута го постигна првиот, а Мато во 82.минута го постави конечниот резултат.