Вардар се избори за реми во Исланд

Ракометарите на Вардар одиграа нерешено на теренот на Валур 34-34 во рамките на петтото коло во Европската лига на ЕХФ. „Црвено-црните“ се спасија од пораз со успешно изведениот пенал од страна на Срдановиќ во самиот финиш на мечот.

Кај домаќинот се издвои Тордарсон со 11 погодоци додека кај Вардар по пет постигнаа: Георгиевски, Хориха, Маргели и Срдановиќ. Резултатот на Исланд и победата на Мелсунген против Порто со 32-27, им оставаат теоретски шанси на нашите ракометари за пласман во наредната фаза.

Во последното коло Вардарци ќе играат со Мелсунген додека Порто ќе го пречека Валур. Ракометарите на Мелсунген се убедливо први со максимален ефект, Португалците имаат 5 бодови, Вардар 3 а Исланѓаните се последни со 2 бода.