Вардар спремен за европското деби и дуелот со Сесвете

Ракометарите на Вардар утре го имаат првиот дуел од Лига Европа, а во Скопје гостува Сесвете од Хрватска. Ова е нов предизвик за „црвено-црните“ кои имаат одличен старт во домашната лига и седум победи во исто толку натпревари.
„Вардар секогаш има победнички аспирации, без разлика каде игра. Наша желба е да стигнеме што е можно подалеку во ова натпреварување. Групата е тешка, иако имињата на ривалите не се атрактивни. Но, тоа не значи дека секој натпревар е важен, секој бод ќе биде важен. Сесвете е претставник од Хрватска, не е на нивото на Загреб или Нексе, но тоа е млада екипа од Загреб, која сака да се докажува. Македонската лига во моментов е посилна и поизедначена , за разлика од Хрватската, каде Загреб е број 1, Нексе број 2, а потоа следи Сесвете. Ние ќе се фокусираме на нашата игра и со поддршката од навивачите ќе се обидеме да „запишеме“ победа“, изјави тренерот на Вардар Иван Чупиќ на денешната прес конференција.
Натпреварот Вардар – Сесвете почнува се игра утре (вторник) со почеток во 18:45 часот. Во другиот дуел од групата играат: Тулуз и Кристијанстад.