Вардар ќе игра директно во групната фаза на Европската лига на ЕХФ

Македонија следната натпреварувачка сезона во Европската лига на ЕХФ ќе има најмалку еден претставник, затоа што Вардар 1961 профитираше од „вајлд-картата“ на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите и доби директно место во групите.
„Црвено-црните“ со второто место на табелата чекаа епилог што ќе биде со шампионот на Македонија, а откако тој е позитивен, тоа ги израдува и „црвено-црните“.
Вардар 1961 ќе биде директно во групите на Европската лига на ЕХФ.
Се чека на статусот со Алкалоид, кој како освојувач на Европскиот Куп на ЕХФ може да игра исто така директно во Европската лига на ЕХФ. Тимот од Автокоманда побара место во Европската лига и го чека одговорот на ЕХФ.
Ситуацијата со учесниците во групната фаза и во квалификациите на Европската лига ќе се знаат на почетокот на јули.