Вардар 1961 доминантно го освои Купот на Македонија во ракомет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го освојат Купот на Македонија. Во финалето во Охрид поуспешен беше тимот на Вардар 1961, кој извојува победа од 31-27. Во текот на сите шеесет минути битолчани го ловеа водството на противникот, а голем хендикеп во вториот дел беше и повредата на столбот на одбраната Илија Абутовиќ.
Дуелот во Охрид го реши одбраната на Врадар и голманот Фереира Еспиња, кој блесна во втората половина од второто полувреме. Во вториот дел Вардар ја одржуваше предноста, во 37.минута ја врати највисоката предност од пет гола, која на крајот рутински ја одржа.
Богдан Радивојевиќ беше најефикасен играч на натпреварот со осум реализации, додека кај Вардар одлични со по шест гола беа Томислав Јагуриновски и Младен Крсманчиќ.
До крајот на сезоната остануваат уште две кола во плеј-офот, а Еурофарм Пелистер гостува кај Алкалоид и Вардар 1961.