Варди по тринаесет години го напушта Лестер Сити

Херојот на Лестер, Џејми Варди по 13 години реши да го напушти клубот. Клупската легенда на социјалните мрежи објави дека по завршувањето на сезоната ќе замине од „Кинг Пауер“.
„Навивачи на Лестер, мразам што дојде овој ден, но мораше да дојде. По 13 неверојатни години во клубот со многу успеси, некои падови, но главно најголеми успеси, време е да се откажам. Уништен сум, но мислам дека е вистинското време. Само сакам да ви кажам големо благодарам што ме прифативте како едно од вас. Лестер секогаш ќе биде во моето срце, сигурно ќе го следам во наредните години и се надевам дека клубот ќе биде успешен. Во овој момент ова е мое збогум, но ќе ме видите наскоро, ви благодарам“, рече Варди.