ВАР-системот има многу противници во Англија

Националното здружение на навивачите во Англија спроведе анкета за ВАР технологијата во тамошниот т фудбал. Во неа биле вклучени 9.645 луѓе во март и април.
67,3% од навивачите навеле дека се против ВАР системот во Премиер лигата а 79,1% од тие што редовно одат на натпревари навеле дека нивното искуство со ВАР е „лошо“ или „многу лошо“.
Речиси 92% од испитаниците рекле дека донесувањето на судиските одлуки трае предолго а само 26% се задоволни со ВАР технологијата и ја поддржуваат нејзината употреба.