Василије Мициќ останува уште една сезона во Ефес

Двократниот шампион на Евролигата и МВП на претходните два Фајнал фора, Василије Мициќ ќе остане барем уште една сезона во кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес.

Оваа информација за јавноста ја сподели неговиот менаџер Миодраг Мишковиќ преку Твитер објава.

Иако се шпекулираше дека српскиот репрезентативец би можел да замине во НБА, сепак наместо тоа тој се реши да остане во еден од најдобрите европски тимови.

Мициќ во претстојната сезона со Ефес ќе се обиде да освои три европски титули во низа.