Васоски се враќа на клупата на Академија Пандев

Александар Васоски по пауза од осум месеци се враќа на позицијата тренер на прволигашот Академија Пандев.
Според достапните информации, иако за Васоски постоеле голем број понуди од странски и домашни клубови, сепак тој се договори за соработка со раководството на клубот од Струмица, и повторно ќе ја води екипата.
Претходно, Васоски имаше тренерска епизода во Сараево, но со неговиот престој таму не забележа добри резултати и си поднесе оставка.