Вашингтон го избра Дибанса од првата позиција на драфтот

Вашингтон го избра Дибанса од првата позиција на драфтот

Еј Џеј Дибанса беше избран како прв избор на овогодинешниот НБА драфт од страна на Вашингтон Визардс.

Тимот од главниот град на САД се одлучи за 19-годишно момче, кое помина само една година на „BUY“ колеџот.

Ова е трет пат во историјата Визардс да го добијат првиот избор. Претходните двајца беа Џон Вол (2010) и Кваме Браун (2001).

Дибанса бележеше 25,5 поени, 6,8 скока и 3,7 асистенции во својата единствена колеџ сезона.

Како втор избор, Дарин Петерсон од Канзас заврши во Јута, додека Камерон Бузер беше избран од третата позиција од страна на Мемфис Гризлис. Немаше изненадувања ниту на четвртата позиција, каде што Чикаго го избра Кејлеб Вилсон.