Вајли во идеалниот тим на „балонот“ во Перм

Џејкоб Вајли против Естонија дојде до уште еден дабл-дабл ефект. Силното крло на „црвено-жолтите“ постигна 18 поени имаше и 14 скока, плус и три блокади. Беше едне од најзаслужните за пресвртот во второто полувреме. Воодушеви со играта во одбрана, но имаше и неколку атрактивни забивања, во свој веќе препознатлив стил.
Вајли има и највисок индекс во шестото коло – 31. Но и покрај тоа, во гласањето за МВП на колото што го спроведува ФИБА, се наоѓа зад босанскиот репрезентативец Кенан Камењаш. За него досега гласале 78% од читателите, а Вајли е трет, зад Гркот, Христор Салустрос.