Вегар го оперираше рамото, се враќа следната сезона
Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Марин Вегар, имаше успешна операција во Загреб откако подолго време се соочуваше со повреда на рамото.
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека зафатот помина во најдобар ред. Клубот му посакува брзо заздравување и враќање на терените“, информираше клубот од Битола.
Вегар кој ја реализира третата сезона во екипата од Битола претходно настапуваше за Стеауа. По операцијата практично ја заврши сезоната.