Велковски и Јанковиќ победници на малиот охридски маратон

Вчера во Охрид се одржа 47. издание на малиот пливачки маратон „Илинденски куп“, на кој настапија 83 пливачи од Македонија и странство, поделени во две возрасни категории, од 8 до 15 години и 16 години и постари.

Во конкуренција на пливачи од 16 години и постари, во машка конкуренција најбрз беше Никола Велковски (16) од ПК „Вардар 2018“, a во женска конкуренција триумфираше Сара Јанковиќ (18) од ПК „Скопје“ со време 31:48.15.

Кај младите пливачи од 8 до 15 години, во машка конкуренција победи Влатко Цеков (14) од ПК „Вардар 2018“, а во женска конкуренција најуспешна беше Георгина Ставреска (15) од ПК „Вардар 2018“.