Венгер демантира дека ќе го преземе ПСЖ

Францускиот фудбалски тренер, Арен Венгер, кој најголемиот дел од кариерата го помина на клупата на Арсенал, се осврна на шпекулациите дека може да биде промовиран како спортски директор на ПСЖ.

„Очигледно е дека новинарите ја пуштаат фантазијата пред Божиќ. Нема ништо точно во тоа. Апсолутно ништо“, потенцираше Венгер кој работи за ФИФА како шеф на секторот за глобален фудбалски развој.

72-годишниот Французин е најуспешниот менаџер во историјата на Арсенал според бројот на трофеи како и менаџер со најголем стаж во клубот според бројот на натпревари (755 заклучно со 7 март 2010). Венгер е единствениот странски тренер кој освоил двојна круна во Англија, во 1998 и 2002.