Венгер критичен кон Франција и селекторот Дешамп

Арсен Венгер не крие дека е изненаден од вчерашната сензационална елиминација на „галските петли“. Франција која беше главниот кандидат за титулата, доживеа елиминација од Швајцарија по изведувањето на пеналите.

„Тимскиот дух не смее да се доведе во прашање. За жал, имавме проблем, премногу ја базиравме играта на контра-нападите. На ваков собир се постигнуваат многу голови од изградени акции. Франција покажа многу малку од тоа. Швајцарија имаше изградени акции и постигна такви голови“, рече Венгер кој ја има улогата на стручен коментатор.