Верати преговара за да го купи својот матичен клуб Пескара

Италијанскиот фудбалер Марко Верати сака да го купи клубот каде што ја започна импресивната кариера.

Во текот на кариерата, која се уште трае, Верати заработил значителна сума пари, пред сè благодарение на долгогодишното играње за Пари Сен Жермен. Дресот на „светците“ го носеше 11 сезони. Потоа се пресели во Ал-Араби, во 2023 година.

Според италијанските медиуми, тој одлучил дел од своето богатство да го инвестира во клубот каде што ја започнал кариерата.

Тие понатаму наведуваат дека Верати е блиску до купување на значаен удел во Пескара, клубот на кој му се приклучи во 2008 година.

Иако нема да има мнозински удел, се очекува да купи околу 40 проценти од акциите, за кои треба да издвои приближно 1,5 милиони евра.

Според информациите што ги објави „Ил Центро“, 32-годишниот играч од средниот ред веќе потпишал прелиминарен договор и сите формалности треба да бидат завршени во текот на следните неколку недели.