Верати се согласи да премине во Ал-Араби
Марко Верати се договорил со катарскиот клуб Ал-Араби, кој ќе плати 50 милиони евра за неговиот трансфер од ПСЖ.
Тренерот Луис Енрике му порача на Италијанецот дека нема да смета повеќе на него и не го пријави за настап во ЛШ, па Верати се согласи за трансфер.
Иако се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија, сепак откако се затвори трансфер пазарот, тој се согласи да се пресели во Катар.
30-годишниот Верати минатиот декември потпиша продолжување на договорот со ПСЖ до 2026 година, но го загуби местото во стартниот тим.
Немаше понуди од европски клубови поради неговата висока плата, па се одлучи кариерата да ја продолжи во Катар.