Веспрем доби „вајлд карта“ за учество на Светското клупско првенство
ИХФ објави дека за светското клубско ракометно првенство „вајлд карта“ добива унгарскиот ракометен гигант Веспрем.
Покрај Веспрем, во Каиро ќе играат уште две европски екипи – шампионот Барселона и бранителот на титула на Светското клупско првенство, Магдебург.
На турнирот ќе настапт Ал Ахли од Египет, африканскиот првак Замалек, азискиот шампион Ал Калеј, претставникот на Средна и Јужна Америка – бразилскиот Таубате, како и уште по еден тим од Северна Америка и Кариби, односно Австралија и Океанија.
Светското клупско првенство, кое претходно го имаше називот Супер Глоуб, ќе се одржи од 27 септември до 3 октомври.