Веспрем пресилен за мотивираниот Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија со 23-30 од Веспрем на домашен терен во Битола, во дуелот од седмото коло на Лигата на шампионите. Веспрем победата ја најави од самиот старт кога брзо направи нпредност од четири гола разлика (4-8), а тоа водство го задржа и до крајот на првото полувреме. На пауза гостите од Унгарија заминаа со предност од 12-17.

Ниту во вториот дел работите не се променија, македонскиот претставник не успеваше да одговори на добрата на игра на противникот, па така и предноста на Веспрем растеше. На крајот разликата изнесуваше седум голови (23-30).

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со седум гола, додека на спротивната страна одличен натпревар натпревар одигра поранешниот ракометар на Вардар Лука Циндриќ кој беше стрелец на осум гола.

Во следното седмо коло на групата А на Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер гостува во Данска кај Фредериција.