Вест Хем се вклучува во трката за Аморим
Медиумите во Англија наведуваат дека луѓето од фудбалскиот состав на Вест Хем ќе се обидат да го ангажираат тренерот, Рубен Аморим, иако имаше најава дека стратегот на крајот на сезоната ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул.
Според новинарот, Дејвид Орнштајн, Аморим досега не добил никаква конкретна понуда од „Енфилд“ и може слободно да преговара со други екипи.
Тоа се чини сакаат да го искористат – „чеканите“ и да го ангажираат Португалецот за наредната сезона.