Вест Хем со интерес за Дарвин Нуњес од Бенфика

Екипата на Вест Хем покажува сериозен интерес за напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес.
Тренерот на „чеканите“ Дејвид Мојс е импресиониран од настапите на Уругваецот во клубот од Лисабон и лично инсистирал до челниците да го доведат 22.годишниот фудбалер.
Според информациите, од Вест Хем планирале доведување на напаѓачот уште во зимскиот преоден рок , но португалскиот гигант ја одбил понудата на клубот од Лондон.
Најверојатно Вест Хем ќе ја зголеми својата понуда во текот на летниот трансфер период.