Вест Хем упати ултиматум за тренерот Лопетеги: Две победи или отказ!

Претстојните натпревари на Вест Хем против Њукасл и Арсенал ќе ја одредат судбината на менаџерот на „чеканите“, Хулен Лопетеги.

Поранешниот тренер на Реал беше назначен летото на местото на Дејвид Мојс, но тимот оствари само три победи во првите 11 кола од шампионатот и е на пет бода од зоната за испаѓање, што не ги исполнува очекувањата на управата и навивачите.

Според „Гардијан“, за време на паузата за националните тимови, клубот разговарал за опции со потенцијални замени за Лопетеги. Изданието ги спомнува имињата на Един Терзиќ (поранешен тренер на Борусија Дортмунд), Каспер Јулманд (поранешен селектор на Данска), Роџер Шмит (поранешен тренер на Бенфика) и тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес. Првите тројца се невработени. Сè уште е достапен и Греам Потер, но според „Гардијан“, поранешниот менаџер на Челзи не е меѓу кандидатите.

Раководството повеќе сака Лопетеги да ги подобри резултатите и да не мора да го менува менаџерот, но евентуалните два порази во следните два натпревари, кои воопшто не се лесни, би можеле да значат и крај на престојот на Шпанецот во Лондон.