Вест Хем Јунајтед тргнува по Мегваер

Премиерлигашот Вест Хем Јунајтед е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер и би можел да го доведе на позајмица ова лето.

Популарните “чекани“ оваа сезона играат далеку под очекувањата и ќе се борат за опстанок во Премиер лигата.  Доколку останат во елитата, клубот сигурно ќе го освежи својот состав, а еден од посакуваните играчи е 30-годишниот англиски репрезентативец, пренесуваат англиските медиуми.

Хари Мегваер не се вклопува во плановите на тренерот на Јунајтед Ерик тен Хаг, кој многу  ретко му даваше доверба меѓу стартерите оваа сезона.  Досега дефанзивецот одигра 21 натпревар во сите натпреварувања.