Ветеранот Александар Овечкин ја завршува кариерата

Александар Овечкин потврди дека сезоната 2026/27 ќе биде последна во неговата блескава играчка кариера.

Капитенот на Вашингтон Капиталс одлуката им ја соопштил на соиграчите пред почетокот на сезоната, а 41-годишниот Русин потоа потврди дека заедно со семејството одлучил ова да биде неговата последна година во НХЛ.

Овечкин во април 2025 година го надмина Вејн Грецки и стана најдобриот стрелец во историјата на НХЛ. Тој во кариерата постигна 929 гола и постави бројни рекорди во најсилната хокеарска лига во светот.

Со Вашингтон Капиталс ја освои Стенли куп титулата во 2018 година, а тогаш беше прогласен и за МВП на финалната серија. За руската репрезентација трипати беше светски шампион – во 2008, 2012 и 2014 година.

Овечкин целата своја НХЛ кариера ја помина во Вашингтон, откако Капиталс го избраа како прв пик на драфтот во 2004 година. Последната сезона ќе ја одигра со јасна цел – уште еднаш да се обиде да стигне до трофејот кој го освои во 2018 година.