Ветеранот Ибра среќен по враќањето на терените
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој по долг период на рехабилитација се појави на вчерашниот меч со Аталанта, стана највозрасниот фудбалер што играл на официјален меч во дресот на „росонерите“.
„Многу ми недостигаа навивачите, им благодарам што ми дадоа сила, адреналин и мотив да продолжам. Без нивна поддршка ќе беше многу тешко“, вели 41-годишниот Швеѓанец.
Ибрахимовиќ сега има шанса да стане и највозрасниот играч кој постигнал гол во Серија А. Рекордот го држи Алесандро Костакурта кој погоди на 41 година и 25 денови.