Ветеранот Кваљарела и следната сезона ќе го носи дресот на Сампдорија
Напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела, кој во претходната сезона одигра 33 меча и даде 13 голови, ја продолжи верноста кон џеновјани до јуни во 2022 година.
„Горд сум што ме гледаат како легенда на Сампдорија. Му благодарам на претседателот, им благодарам на навивачите и на соиграчите“, напиша Кваљарела на социјалните мрежи.
38-годишниот фудбалер најверојатно ќе ја одигра последната сезона пред да се повлече во фудбалска пензија.