Ветеранот Крис Пол на цена во НБА лигата

Три тима претендираат за потписот на Крис Пол. Според најновите вести од НБА лигата, тоа се екипите на ЛА Клиперс, Феникс и Милвоки.

„Ми кажаа дека во средата разговарал со Бакс. Пред неколку недели во шоуто на Пет МекКафи рече дека претпочита да остане на Западниот Брег. Сега ги разгледува своите опции. Западниот Брег или тим како Милвоки, ќе видиме“, рече инсајдерот на ЕСПН, Шамс Чаранија.

40-годишниот плејмејкер ја помина минатата сезона во Сан Антонио, со просек од 8,8 поени, 3,6 скока, 7,4 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар.