Ветеранот Педро во јуни заминува од Лацио

Педро Родригез објави дека ќе го напушти Лацио на крајот од сезоната. 38-годишниот играч од средниот ред е во „Орлите“ од 2021 година, кога пристигна од Рома со слободен трансфер. Шпанецот претходно играше за Челзи и Барселона.

„Секогаш сакам да му помогнам на тимот. Ова дефинитивно е мојата последна година во Лацио и сакам да го оставам тимот таму каде што заслужува да биде – во европските натпреварувања. Колку години ќе играм? Тешко ми е да кажам. Сакам максимално да уживам во секој тренинг, но секој ден што минува ме доближува до крајот на мојата кариера“, изјави Педро.