Ветеранот Пепе го напушта Порто
41-годишниот дефанзивец, Пепе, ќе си замине од редовите на
Порто, потврди доцна синоќа претседателот на португалскиот
фудбалски состав, Андре Вилаш-Боаш.
„Тој нема да остане кај нас. Му ги објаснивме причините. Ние
максимално ја почитуваме неговата кариера но, мораме да ги
намалиме трошоците“ , вели првиот човек на Порто.
Пепе кој во два периода играше за Порто, успеа да освои четири
пехари во домашниот шампионат.