Вечерва ќе биде познат добитникот на „Златната топка“

За вечерва во Париз е закажана свечената церемонија за доделување на престижната фудбалска награда „Златна топка“.

Покрај доделувањето на главната награда во категоријата најдобар фудбалер, на свеченоста ќе бидат објавени и победниците во категориите за најдобра фудбалерка, најдобар голман и најдобар млад фудбалер до 21 година.

Фаворит број 1 за добивање на најпрестижната награда која ја доделува Франс Фудбал е аргентинецот Лионел Меси кој е рекордер со освоени 6 трофеи „Златна топка“. 

Главен конкурент на Меси се очекува да биде голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, додека како потенцијално изненадување се споменува италијанскиот репрезентативец и член на Челзи, Жоржињо.