Вејн Руни го одби Евертон: Имам работа во Дерби Каунти

Легендарниот англиски напаѓач, откри дека ја одбил понудата од екипата на Евертон за позицијата нов тренер на тимот.

Руни изјави дека челниците на неговиот бивш клуб Евертон, ги контактирале неговите менаџери за да му го понудат тренерското место на екипата.

„Од Евертон се обратија до мојот менаџер и го замолија да разговараме за работата. Јас ги одбив бидејќи имам незавршена работа во Дерби Каунти, и тоа ми е најважно во моментов“, истакна 36-годишниот тренер.

Вејн Руни има договор со клубот од Чемпионшип до 2023 година. Во меѓувреме Евертон ги продолжи преговорите со Френк Лапмард и Витор Переира.