Веќе се преговара: Барса нуди пари и Хектор Фонт за Бастони

Лидерот во Серија А, Интер, успеа да ја смири бурата околу Алесандро Бастони која се засили во последните две недели, но неговата иднина во клубот останува неизвесна, тврди „Газета дело Спорт“.
Весникот објави дека дефанзивецот добил понуда од каталонскиот тим. Иако не ги договорил целосно личните услови, Италијанецот би бил заинтересиран за трансфер. Последните неколку месеци во Италија беа тешки за него и тој смета дека преселбата во Шпанија би била нов почеток.
Во исто време, Интер не се противи на заминување, особено ако нивната цена за трансфер биде исполнета. Барселона во првата понуда до „нероаѕурите“ го понудила Хектор Форт како дел од евентуалниот трансфер, но Интер бара исполнување на финансиските барања.