Викендов продолжува англиската Премиер лига
Англиската фудбалска Премиер лига ќе продолжи овој викенд, откако минатата недела не беа одиграни натпревари поради смртта на кралицата Елизабета Втора.
Поради погребот на кралицата и логистичките проблеми на полицијата, натпреварите Челзи и Ливерпул, како и Лидс и Манчестер Јунајтед се одложуваат и ќе бидат одиграни во нареден термин.
Натпреварот Брајтон и Њукасл е одложен од поодамна поради штрајк на железницата. Останатите првенствени натпревари ќе бидат одиграни според предвидените термини.