Виктор Вембањама ќе игра за Франција на Евробаскетот

Виктор Вембањама го потврди учеството на следното Европско првенство. Така Евробаскетот ќе добие дополнителен квалитет, особено кога станува збор за репрезентацијата на Франција, која сега ќе биде еден од фаворитите за самиот врв.

Оваа информација ја потврди претседателот на Кошаркарската федерација на Франција, Жан-Пјер Хунклер, во интервју за „Ле Прогрес“. Тој изјави дека младиот суперталент го изложил својот став и дека ќе биде со репрезентацијата доколку нема проблеми со повредите.